Марк Маркез победник на спринт трката за ГН Тајланд
Возачот на Дукати, Марк Маркез победи на денешната спринт трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Тајланд.
Шпанецот победи на патеката Бурирам со време од 19:35.005 минути. Второто место му припадна на неговиот брат Алекс Маркез, кој вози за тимот на БК8 Гресини. Заостануваше 1.185 секунди зад Марк.
Возачот на Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја беше трет, со 3,423 секунди заостанување зад победникот.
Марк Маркез е прв во генералниот пласман кај возачите со 12 бода.
Големата награда на Тајланд е закажана за недела во 09.00 часот.