Спорт

Марк Маркез победи на спринтот во Шпанија и испиша историја 

Возачот на Дукати, Марк Маркез, блесна на спринт трката што се возеше во рамките на петтата трка од Мото ГП шампионатот, Големата награда на Шпанија.

Поранешниот светски првак стигна до петтата победа во спринт трките оваа сезона, поставувајќи нов рекорд и станувајќи првиот возач на кого му успеало да победи на пет спринт трки по ред.

Претходниот рекорд го држеше Хорхе Мартин, кој минатата сезона собра четири последователни триумфи.

Маркез во Херез триумфираше со секунда предност пред својот брат, Алекс Маркез, додека третото место му припадна на актуелниот шампион Франческо Бањаја.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons