Спорт

Маркез победник на спринт трката во Брно 

Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, беше најбрз на денешната спринт трка одржана во рамките од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Чешка.

Маркез славеше на патеката во Брно со време од 19:05,88 минути.

Второто место го освои возачот на тимот КТМ, Педро Акоста, со заостанување од 0,798 секунди, додека трет беше Италијанецот Енеа Бастианини, со заостанување од 1,324 секунди.

Марк Маркез сега има водство од 95 бодови пред својот брат, возачот на Гресини, Алекс, во генералниот пласман.

Главната трка за Големата награда на Чешка е закажана за недела од 14.00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons