Спорт

Маркез победник на спринтот за Големата награда на Италија 

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на денешната спринт трка одржана во рамките на Големата награда на Италија во шампионатот Мото ГП.

Шпанскиот возач имаше слаб старт на патеката Муџело, но сепак стигна до својата осма победа во деветтата спринт трка во сезоната со време од 19:31,416 минути.

Маркез претходно во квалификациите ја освои својата 100-та пол позиција во кариерата.

Втор беше возачот на Гресини, Алекс Маркез, 1.441 секунди зад својот брат.

Франческо Бањаја од Дукати го освои третото место, 2,561 секунди зад победникот во спринтот.

Бодови освоија и Маверик Вињалес, Фабио ди Џанантонио, Марко Безки, Франко Морбидели и Раул Фернандез.

Главната трка за Големата награда на Италија ќе се одржи утре од 14.00 часот.

Маркез е водечки во генералниот пласман со 245 бодови, а по него следуваат А. Маркез со 210 и Бањаја со 147.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons