Манчестер Сити се откажа од најголемиот трансфер во својата историја, смета дека Вирц не вреди 300 милиони
Голем број на извори пренесуваат дека Манчестер Сити се откажал од ангажман на Флоријан Вирц, „граѓаните“ пресметале дека целиот пакет ќе биде тежок околу 300 милиони евра и фудбалерот не вреди толку многу.
Се очекува трансферот на Флоријан Вирц да биде еден од најголемите во летниот преоден рок, за услугите на фудбалерот сериозен интерес пројавуваат Реал Мадрид, Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Сити.
Но последните информации велат дека „граѓаните“ се откажале од зделката и најголемиот трансфер во својата историја поради огромната сума која ќе треба да биде инвестирана.
Клубот од „Етихад“ пресметал дека целиот пакет ќе биде тежок околу 300 милиони евра (обесштетување за Леверкузен, платата на играчот како и провизијата за агентите и семејството) и едноставно фудбалерот не вреди толку многу.
Пеп Гвардиола го идентификуваше Флоријан Вирц како идеална замена за Кевин де Брајне, но стратегот сега ќе мора да се задоволи со планот Б, се верува дека тоа е Морган Гибс Вајт од Нотингем Форест.