Мансиевски: Филипче да излезе од дупката во која се крие и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница
Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев.
Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема.
Филипче нека остане смирен на овој историски ден за Македонија, каде што во Лондон се потпишува стратешкиот договор со Обединетото Кралство, кое ќе донесе инвестиции над 6 милијарди евра, а нема да донесе мигранти.
Да беше Филипче на власт, или можеби неговиот ментор Заев, не само што немаше да имаме стратешки договор, туку и да го имавме, ќе беше ограбен, криминален и корумпиран. Тендерите ќе се делеа на браќа и братучеди, на партиски коалиции, ќе се оштетуваа Буџети, а народот ќе го плаќаше истото.
Затоа, Филипче, денес повторно те прашуваме, како ти дојде до акции во индиска авиокомпанија, како дојде до златна виза за Дубаи и дали пресудата за Модуларната болница е праведна и реална?
Филипче е само еден обичен лажго и манипулатор. Филипче е срам за Македонија и треба да остане во црното минато на македонската политичка сцена.
Филипче е синоним за неспособност, криминал и корупција.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=ULn-eZwyVzI
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ