Манасиевски: Судството како пупка, за едни мајка, за други маќеа, срамна пресуда за пожарот во Модуларната болница во корист на Филипче
Срамни пресуди за пожарот во Модуларната болница во Тетово, во којшто загинаа 14 луѓе.
Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и допринеле во трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се директори на болници, а казните се како за кражба за гуми.
Судот ги казни екс директорот Флорин Бесими и екс економскиот директор Артан Етеми, со по 1,5 година затвор.
Судството отворено како пупка од страна на Зоран Заев, продолжува да биде за едни мајка, а за други маќеа. За кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што гинат 14 луѓе, само 1,5 година затвор. За лица блиски до СДС и ДУИ, правдата не постои.
Оваа срамна пресуда е доказ за тоа дека СДС и ДУИ, го контролираат правосудниот систем и одлучуваат по нивна волја, а не според правни норми.
Овие кои се осудени, а се дел од СДС и ДУИ и не се привилигирани како Филипче и мора да добијат казна, макар и минимална, негодуваат и го вперуваат прстот во вистинскиот виновник.
Во својата одбрана пред судиите, екс директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, вели дека не се согласува со пресудата и дека на обвинителната клупа треба всушност да седне тогашниот министер за здравство, Венко Филипче.
И луѓето дел од системот, како Бесими, кои добиле ниски казни затоа што се од СДС и ДУИ, точно знаат кој е виновен.
Ова судство го бираа и организираа баш тие. А сега има борба кој да се пушти низ вода со ниски казни, а кој воопшто да не се појави на суд.
Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=x2ty-5prOeY
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ