МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Раст од 17,5% на советничките места, 80% од освоените градоначалнички места во 2021 година, сега ги освоивме во првиот круг, на 2 ноември да ја запечатиме победата 

Почитувани, 

Со огромната победа на 19-ти октомври, граѓаните направија вистински избор,  гласаа за работа, перспектива и иднина. Гласаа за нови улици, нови булевари, мостови и клучки, гласаа за нови градинки, училишта, гласаа за нови паркинг места,нови катни гаражи, гласаа за континуираната поддршка од локалните самоуправи кон граѓаните, преку субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, полагање на возачки испити и за поддршка на социјално ранливите категории. Едноставно кажано, гласаа за квалитет и докажани луѓе, односно за ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја препознаа надежта и работата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа имаме и раст во гласовите од минатите локални избори  од 2021 година. Имаме пораст во делот на советничките места од 17,5% или 82 повеќе советници во советите. 

Имаме пораст и во делот на освоени градоначалнички места во првиот круг, ако во 2021 година имавме 22 градоначалнички места, сега имаме 33, што е за 50% повеќе, со што би освоиле околу 80% од вкупниот број на градоначалници на локалните избори 2021 година, кога освоивме 42 општини вкупно. И тоа, само во првиот круг. 10 спрема 1 е разликата по првиот круг во сооднос со СДС.

Поддршката на граѓаните е од големо значење, но и знак дека избраа вистински луѓе, со визија, проекти и работа, наместо стагнација, криминал и неспособност.

Затоа на 2 ноември, на гласањето во вториот круг, ве повикуваме повторно масовно да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за ВМРО-ДПМНЕ, за вистинскиот избор, за нови победи во Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, во Дебрца и во Демир Капија, во Дојран и Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, нови победи во Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце и Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и секако Градот Скопје.

За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!

Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=1dCXmdJc8S4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons