Манасиевски: Промените продолжуваат, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера даде доверба на 25 исклучителни луѓе за кандидати за градоначалници
Промените продолжуваат, ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вчера даде доверба на 25 исклучителни луѓе, повеќето од нив актуелни градоначалници, како кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на претстојните локални избори.
Анкетите кои се правеа во изминатиов период покажаа огромна предност на сите предложени со 4:1, а во одредени места и 5:1.
Тоа што го гледаме и зборуваме, го потврдија и анкетите и мерењата на кандидатите за градоначалници.
Вреди да се нотира дека граѓаните во огромно мнозинство се задоволни од тоа како се управувани општините каде овие луѓе ја водеа локалната самоуправа и дека се задоволни од проектите.
Луѓето кои ќе ги продолжат промените се:
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорце Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски
Почитувани, овие луѓе се чесни, одговорни, транспарентни и работат за граѓаните.
Сите овие луѓе ја променија сликата за општините, улиците, патиштата, булеварите, реновирани училишта и нови градинки.
Ниту еден од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ нема криминална афера, ниту корупциски скандал.
Сите градоначалници го обелија образот на партијата и ги остварија очекувањата на граѓаните.
Во следниот период не чека многу работа. Очекуваме победа во секоја една општина.
Програмите на градоначалниците ќе бидат со големи проекти кои ќе ги трансформираат во секој поглед.
Македонија ќе победи. Доаѓа ново време.
Линк од видео материјал:https://www.youtube.com/watch?v=DkW6mBwkgWIl
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ