Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи
Филипче по големите реформи што ги направи во СДС, отиде да одмори за празниците токму во Дубаи кај Заев или пак во неговиот стан за кој јавноста не доби одговор, дали е негов или не.
Големиот предводник на опозицијата, толку се умори од лагите и манипулациите што ги искажа во јавноста, да мора да одмори не било каде, туку дома во Дубаи.
Сепак доктор Филипче, се уште молчи и не дава одговор за потеклото на златната виза, за која веќе сите ги знаат условите како може да се добие. Минимум инвестиција или недвижност од 500.000 долари или пак бизнис во Дубаи.
Дополнително доктор Филипче, не ги покажа нитудокументите за кој тој рече дека ја добил златната виза, поради работен ангажман во болница во Дубаи. Доколку ги има не би му било проблем да ги покаже. Впрочем, може и сега да ги побара во Дубаи можеби и таму му останале.
Јавноста заслужува одговори за потеклото на златната виза на Филипче, со оглед на тоа дека тој не бил како што СДС кажа градежник, туку доктор. А со докторска или пак пратеничка плата, Филипче не би стигнал за 20 години кариера до таа сума на пари, односно минимум 500.000 долари. Затоа Венко треба да одговори како дошол до недвижност или инвестиции во Дубаи? Дали тендерите и анексите кои ги говоревме на прес-конференции за предмети кои ЈО Коцевски му ги чуваше во фиоки, му овозможиле на Филипче токму ваков луксуз?
Впрочем, сите теми кои СДС ги пласира во јавноста, кои секако се лажни, се вистинскиот дефокус од криминалот на поранешни функционери на СДС.
Затоа, го повикуваме ЈО да постапи и да истражи како Филипче стигнал до златна виза за Дубаи, акако Зоран Заев до градба на 42катница во Дубаи.
Ви благодарам.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



