МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Од левичарска и работничка партија како што се претставуваа, Апасиев ја претвори Левица во елитистичка партија која гази врз народот 

Почитувани, 

Од левичарска и работничка партија како што се претставуваа, Апасиев ја претвори Левица во елитистичка партија која гази врз народот.

Лажната скромност и неподмитливост на Апасиев и Левица излезе на површина. 

Апасиев и Левица пред само некој месец купија конфискуван недвижен имот, кој во реалноста чини 3 до 4 пати поскапо, преку договор со извршител и банка. 

Апасиев и Левица тогаш демантираа и велеа дека таков простор немаат купено, ниту пак дека бил евтин, за на крај, нашата теза дека тие купиле конкретно таков имот, испадне вистинита. 

На една од седниците на ЦК на Левица, Апасиев вели, цитирам: „Недвижноста има 4 нивоа. -2 го планираме за Ред Каст и студио, како еден вид прес центар и студио, -1 има конгресна сала, 0 спрат за кафич кој претежно ќе бидат ангажирани дечки од Центар за Внатрепартиска Безбедност. А на спратот би биле редакциите на Антропол и на Ленка.’’, затворен цитат. 

Подолу во исиот овој записник, Апасиев додава:„Условите се повеќе од задоволителни, нас во просек за овие квадрати ни испаѓа по 900 евра по квадрат. Од 280 илјади евра, на 250 илјади евра плус ДДВ’’, ова го кажува Апасиев на седницата на ЦК на партијата. 

Почитувани граѓани, 

Апасиев и Левица сè се, само не се неподмитливи. Тие се луѓе кои денес говорат едно, а утре друго. Тие се луѓе кои немаат став, визија и програма. Тие се луѓе кои си ги користат сопствените членови и граѓаните, па потоа истите ги молат за донации, за на крај тие пари да завршат токму во џебовите на президиумот на Левица. 

До кога Апасиев и Левица, ќе се претставуваат како скромни и неподмитливи пред граѓаните, а од друга страна ќе купуваат објекти во центарот на градот, за 3-4 пати поевтино во директен договор со извршители? До кога Апасиев и Левица ќе земаат патни трошоци од сопствената партија, а ќе ги напаѓаат останатите останатите пратеници на кои Законот им го гарантира тоа право? 

Апасиев и Левица се демаскирани.

Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=EAh3jex4P78

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons