МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, тоа е исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името.

СДС и Филипче 7 години беа власт во Македонија. 7 години ја уништија државата до степен на непрепознатливост.

СДС и Филипче се причина за разурнатиот систем.

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани е исмевање на народот во очи.

Што е следно? СДС и Филипче поднесуваат закон за враќање на името? Закон за Модуларната? Или закон за Онкологија?

Дали можеби Филипче е на ум да поднесе закон за потекло на имотот на Зоран Заев? Или закон за поништување на законските измени на Кривичниот закон, со кои се спасија од прогон?

Трагично и апсурдно е колку СДС и Филипче мислат дека народот не ги гледа нивните намери.

Но исто така приодот во СДС и тој на Филипче покажува дека таму ништо се нема сменето. Тоа е истата онаа партија која смени име, беше причина за Беса транс, Ласкарци, Модуларната, Онкологија и десетици други трагедии, и не чувствуваа никаква одговорност за истите.

И СДС и Филипче се проблемот, а не решението.

Линк од видео материјал:https://www.youtube.com/watch?v=6XsxPzDYLb0

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons