Манасиевски: Левица и Апасиев се демаскирани, тезите дека купиле подрум се неточни, во дуќанот отворил кафуле член на ЦК на партијата
Се размотува клопчето околу деловниот простор од над 400 м2 на Левица во центарот на Скопје, вистината целосно излегува на виделина.
Тезите дека Левица купила подрум, воопшто не се точни и претставува манипулирање на членството на таа партија, но и граѓаните воопшто.
Фотографиите кои ги видовме од деловниот објект, јасно се гледа дека не е само подрум во прашање, туку и високо приземје.
Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два месеци е отворена фирма и кафе бар, а сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица Зоран Ивановски, кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.
Ова е извадок од тековна состојба од која се гледа дека адресата на фирмата на Ивановски е во дуќанот на Левица.
Ивановски може да се види често и во друштво на Димитар Апасиев.
Почитувани, толку од скромноста и левичарството на Апасиев и Левица, од левичари до могули со кафе барови преку ноќ.
И Апасиев и Левица се демаскирани.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ