Манасиевски: Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, дали мисли на криминалот од 8 милиони во Глобал?
Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, дали мисли на криминалот од 8 милиони во Глобал?
Венко Филипче вели дека нема друг како Заев и дека народот треба да учи од него, дали мисли и на тоа како да се направи криминал од 8 милиони евра и да не се одговара?
Заев беше фатен во криминал од 8 милиони евра, требашe да заврши зад решетки и беше амнестиран од Црвенковски.
Дали Филипче е воодушевен и од тоа? И дали и на тоа мислеше кога го фалеше Заев? Или пак тоа може ќе го осуди?
Венко Филипче треба да каже дали се воодушевува на криминалот на Заев, кој му донесе милиони евра? А благодарение на СДС остана неказнет.
Добро е што Венко Филипче призна и кажа се. Народот сега нема простор за двоумење и знае што Венко Филипче сака. Тој сака да биде криминалец како Заев.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ