Манасиевски: Завршија празните ветувања на полето на животната средина, ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените во животната средина
Со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, завршија празните ветувања на полето на животната средина и почна реализацијата на ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните.
Направена е стратегија за 20 години, со која идните влади, без разлика која политичка партија ќе ја предводи Владата, ќе има Национална стратегија за тоа во кој правец ќе се трасира државата во овој поглед. Целта е Македонија да помине низ зелена енергетска трансформација.
Откако само на хартија и склучување на тендери и договори, минатата власт не успеа да се справи со аерозагадувањето, за разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ почна со чекори кон справување со истото.
Направен е план за почист воздух 2025-2030 година, со кој Владата се залага за промена на системите за греење, за кое се издвоени 10 милиони евра, набавка на 6 еко автобуси кои веќе транзитираат низ главниот град, како и набавка на додатни 120 електрични автобуси за потребите на граѓаните на Македонија.
За да дојдеме до почист воздух, се планира изградба и на пречистителни станици една во Скопје и една во Битола. Зајакнати се инспекциски мерки и локални планови за загадување на ПМ10 и ПМ2,5 честиците.
Во делот на заштитена и почиста животна средина, како и почист воздух, одвоени се 55 милиони евра за изградба и модернизација на регионални системи, со цел изградба на нови и санација на постоечки депонии, трансфер станици и центри за рециклирање. Во однос на ова, имаме направено и Национална стратегија за управување со отпад 2024-2036 година.
Ги заштитуваме националните паркови и природата, ја зголемивме заштитената површина на речиси 14%, како и прогласувањето на Националниот парк Шар Планина и подготовките за Јабланица.
Една година животната средина ја заштитуваме и прочистуваме. Една година на нови стратегии и мерки за почист воздух. Една година на реализации.
Граѓаните заслужуваат почиста и поздрава животна средина.
Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија!
Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=SRy3hsJEfKg
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ