Манасиевски: Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата, си плаќале стотици илјади денари, додека молеле граѓаните да донираат за Левица
Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата и си плаќале стотици илјади денари, додека ги молеле граѓаните да донираат за Левица. Во превод, вие донирајте, а тие ќе лапаат.
Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале над милион денари во периодот од 2021 година до денес.
Само во 2025 година, година во која Амар Мециновиќ е пратеник во Собранието, тој од Левица земал над 200.000 денари.
За што ти се овие пари, другар Мециновиќ?
Додека глумиш скромност, и додека го лажеш народот како Левица е против елитите, за народот, работниците и други весели бајки, ти млатиш стотици илјади денари секоја година преку Левица.
Зарем е мала пратеничката плата, Амар?
Лицемерието на Левица е тотално демаскирано.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ