МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари?

Нов ден, старо нов скандал, а сето ова додека Филипче бил министер за здравство. 

Во периодот од 2018-2022, кога Венко Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра. 

Вчерашната одлука на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, каде што се поднесени кривични пријави на две лица, поранешни директори во Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, а ќе се водат истраги и против лекари кои биле вмешани во случајот, додека омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, има дозволено системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби.

 Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што се вели, цитирам „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото. 

Одиме понатаму, го прашуваме Филипче, а обвинителството треба да истражи, а не да затвора случаи, дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека одреден дел се крадел и според информации кои се во јавност, продавани дури на црниот пазар во Косово? Дали Филипче имал преглед дека немало следливост на онколошкататерапија или бил соучесник во истите? 

Исто така, Филипче да одговори за долгот на Онкологија од 12 милиони евра? И да не заборавиме, дали сето ова што се случуваше на Онкологија, беше само за компаниите блиски до Филипче, да продаваат лекови и терапии, по екстремно високи цени за граѓаните кои треба да примат онколошка терапија?

Огромни пари се исцедени од Буџетот на државата, токму во периодите на власт на Филипче. Филипче мора да одговара за секој еден случај, којшто е поврзан со него. Доста е криење по партиски штабови и состаноци со неколкумина потрчковци кои седат до него и го снимаат, само за да не излезе во јавност и да ги избегне нашите прашања. 

Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=lfXb_x3d4iA

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons