МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил фирмата да заработи над 90.000 евра. 

Спасовски како министер во МВР, имал добиено официјален извештај со констатирани неправилности, тој молчел и не го одземал овластувањето, со што директно ја злоупотребил службената положба. 

Инаку, на истиот овој технички центар, поминал технички преглед и автобусот на „Беса Транс’’, кој се запали во Бугарија и наши 45 сограѓани загинаа. Доколку, Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби би била и спречена. 

Исто така, Оливер Спасовски треба да одговори дали се има добро нафатирано тие 3 месеци со тоа што директно овозможил фирмата од Сарај да се стекне со противправна имотна корист од на 90.000 евра? Дали е точно дека Оливер Спасовски добивал сума на пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед и дали поради трагедијата во Бугарија во страв и паника од грижа на совест, го одземал овластувањето на фирмата од Сарај само три дена по трагедијата? 

Оливер Спасовски е уште една црна дамка на СДС, покрај Заев, Филипче, Ковачевски, Љупчо Николовски. Синоним на овие луѓе се зборовите криминал и корупција. 

СДС мора да се дистанцира и огради од овие луѓе, ако сака да остане на политичката сцена.

Ви благодарам. 

Линк од видео материјал: 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons