МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Афера – Провизии кои чинат животи, вработените во МЗ знаеле дека договорот и анексот на Филипче се коруптивни и криминални, одбивале да ги потпишат

Сите вработени во Министерството за здравство и стручните лица во комисиите знаеле дека Венко Филипче направил криминал во случајот со модуларната болница во Тетово.

Ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Венко Филипче, кој тој го изготвил по пожарот во модуларната болница и смртта на 14-те лица во Тетово, со цел да се спаси од одговорност.

Венко Филипче и СДС ги потцениле вработените во Министерството за здравство, кои одбиле да го потпишат анексот на договорот кој го направил Филипче, бидејќи во ревизорскиот извештај се констатирани пропусти и противзаконски дејствија.

Имено, по заминувањето на Филипче од МЗ, се прави извештај со правно мислење за анексот кој Филипче го има потпишано, и во извештајот стои дека договорот најитно треба да се раскине, а анексот на Филипче да се прогласи за ништовен – со цел да се спречат идни незаконски, правни и фискални импликации.

Лицето кое ја обавувало функцијата проектен менаџер, не постапило по извештајот на проектната единица и на своја рака продолжувало да комуницира со изведувачот. Истото лице врши притисок да се продолжи реализацијата според основниот договор и да се наплаќа по тие цени, но вработените, свесни дека овој договор е коруптивен и криминален, одбиваат да се потпишат.

По долг период на непостапување, проектниот менаџер не го раскинува договорот, и до септември 2022 година не презема ништо – со што го става изведувачот во поволна состојба за поднесување тужба за надомест на штета.

Тогашниот министер Беким Сали бара внатрешен ревизорски извештај, кој е подготвен кон крајот на јануари 2023 година. Тој заминува од Министерството за здравство на почетокот на февруари 2023, а на негово место доаѓа Фатмир Меџити, кој го игнорира извештајот како да не постои.

Министерството, поради тужби за камати, доставува информација до Владата со која предлага на изведувачот да му се плати спогодбено, под услов да се откаже од каматите. Владата носи одлука на 11.07.2023 година со која се одобрува исплата преку спогодба.

Е сега тука е клучниот момент:

Никој од проектната единица не сака да ја потпише спогодбата.

Зошто?

Затоа што знаат колку е корумпирана и криминална оваа работа, со 20% провизија која завршила во нечиј џеб. 

Почитувани, ова е вистинското лице на Венко Филипче, кое го штити Јавното обвинителство. Наместо да се отвори постапка против Филипче, целиот овој процес стои во некоја фиока и не се постапува.

Линк од видео материјал:
https://youtu.be/M9JbWcZVMg8

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons