Македонци го собраа златото од Белград
Членовите на македонската школа за бразилско џиу-џицу, „Хаус оф граплинг артс“ со повеќе златни медали се враќаат од би-џеј-џеј турнирот во Белград, некои од нив донесоа и по две злата.
Илчо, Марко, Олег, Емил, Ивана, Нино, Стефан и Тео и донесоа вкупно 13 медали на Македонија од силниот турнир во Белград. Осум злата, четири сребра и една бронза.
„Хаус оф граплинг артс“ заврши на седмото место на турнирот од вкупно 39 екипи и е најдобар клуб од Македонија.
Тие остварија 21 победа од вкупно 33 на Македонци, па нашата земја во Белград беше на петтото место, пред нас беа само Србија, Црна Гора, Русија и Романија.