Македонското таеквондо со 22 медали од Балканското првенство во Дупница
Македонските таеквондисти повторно блескаат на меѓународната сцена, голем број на медали се освоени на Балканското првенство што се одржа во Дупница, Бугарија.
Нашите натпреварувачи успеаја да се закитат со вкупно 22 медали, од кои пет златни, пет сребрени и 12 бронзени.
Злато освоија Христијан Симоновски кај јуниорите во категоријата -68 кг, потоа Ведрана Тунески (кадетки -47 кг.), Ненад Целески (јуниори, +78 кг.), Бојан Велковска (+57 кг.) и Огнен Лазевски (-33 кг.).
Христијан Симоновски (ТК Младост) Златен Медал Јуниори -68 кг, 4 победи
Ведрана Тунески (ТК Бутел) Златен Медал Кадети -47 4 победи
Ненад Целески (Хваранг фист) златен медал Јуниори +78кг, 3 победи
Антонио Негријевски (ТК Феникс) Сребрен медал Јуниори -45кг, 1 победа
Михо Ангелевски (ТК Корио) Бронзен медал Јуниори -63кг
Александар Ангеловски (ТК Корио) Бронзен медал Јуниори -48кг
Андреа Ѓорѓевска (ТК Младост) Бронзен медал Кадет -41 кг, 2 победи
Дамјан Василевски (ТК Феникс) Бронзен медал Јуниори -45кг трето место
Лука Крстевски (ТК Поомсе) Бронзен медал Кадети +65кг
Ана Стојменовиќ (ТК Бутел) Бронзен медал Кадети -40кг
Бојана Велковска (ТК Корио) Златен медал + 57кг
Софија Оташевиќ (ТК Корио) Сребрен медал – 25кг
Ана Оташевиќ (ТК Корио) Бронзен медал -25кг
Огнен Лазевски (ТК Сила) Златен медал – 33кг
Марјан Јандриевски (ТК Сила) Бронзен медал – 27кг
Павел Басаров (ТК Штип) Бронзен медал Ch2 +57кг
Сара Тодорова (ТК Штип) Бронзен медал Ch2-44кг
Ева Тасевска (ТК Кобра) Сребрен медал пионери 1 + 40кг
Бојан Коцевски кадет (ТК Тигри) -61кг
Јаков Трајковски чилдрен ll (ТЕ-МакС) Сребрен медал -52кг
Душица Бреслиева јуниорки (ТК Штип) Бронзен медал -55 кг
Мила Штериева јуниорки (ТК Штип) Бронзен медал -63кг