Спорт

Македонски тренер седна на клупата на Војводина

Maкедонскиот тренер Владимир Мирковски е назначен за нов стратег на Војводина, потврди клубот на својот официјален сајт.

Војводина објави дека се разделува си Милош Исаков кој ја напушта позиција поради здравствени проблеми и потврди дека Мирковски доаѓа на негово место.

Во кариерата македонскиот тренер го предводеше Куманово и долго време е присутен на макеоднската кошаркарска сцена. Исто така работеше како помошник во МЗТ Скопје.

На двапати во 2013 и 2015 година беше прогласуван за тренер на годината. На дебито во новиот клуб Мирковски ќе има тешка задача бидејќи во Купот на Србија ќе го предводи тимот против Партизан на Жељко Обрадовиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons