Македонските скијачи блескаа на меѓународните ФИС натпревари
Изминатата недела беше триумфална за македонските скијачи, кои со фантастични настапи и борбен дух се издвоија на меѓународните ФИС (FIS) натпревари во Црна Гора, Бугарија и Австрија.
Со врвни резултати, техника и посветеност, тие уште еднаш покажаа дека Македонија има силен потенцијал во зимските спортови. Со вакви успеси, иднината на македонското скијање е светла, а патот кон нови победи е отворен.
Колашин, Црна Гора – 12-15 март
Виктор Петков издвои низа одлични настапи, освојувајќи врвни пласмани на државното првенство и FIS натпреварите.
12 март – 4 место (96.62 ФИС точки, слалом – државно првенство)
12 март – 3 место (77.08 ФИС точки, слалом – ФИС натпревар)
13 март – 3 место (78.39 ФИС точки, слалом – државно првенство)
13 март – 2 место (85.06 ФИС точки, слалом – ФИС натпревар)
14 март – 1 место (79.14 ФИС точки, велеслалом – државно првенство)
15 март – 1 место (85.48 ФИС точки, велеслалом – државно јуниорско првенство)
Боровец, Бугарија – 17 март
Во дисциплината слалом, Мирко Лазарески се најде на второто место и освои 50.97 ФИС точки, додека Виктор Петков заврши на четвртата позиција со 67.53 ФИС точки, со што го потврдија својот квалитет на снежните патеки.
Глунгезер, Австрија – 18 март
Јана Атанасовска оствари одличен настап, завршувајќи на 12 место во слалом со 30.56 ФИС точки, покажувајќи техничка стабилност и борбеност на комплексната патека.
Веинебене, Австрија – 20 и 21 март
Атанасовска продолжи со одлични резултати, освојувајќи трето место во слалом со 30.77 ФИС точки, докажувајќи дека е во одлична натпреварувачка форма. Најголемиот триумф пристигна само ден подоцна, кога нашата скијачка доминираше и го освои првото место со 25.02 ФОС точки, оставајќи ја конкуренцијата зад себе и заокружувајќи ја неделата со фантастичен успех.