АктуелноСпорт

Македонските ракометари денес против Унгарија ги почнуваат настапите на СП 2025 

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци.

Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот.

Се очекува во Хрватска да допатуваат илјадници припадници на „Фалангата“ која ќе ја бодри Македонија во обид да се изненади силниот ривал.

Кирил Лазаров и неговите момци тренираа во малата сала во Вараждин Арена, го направија последниот договор пред утрешниот дуел со Унгарија (20:30 часот).

Претходно, од 18 часот, во првиот натпревар од Д-групата ќе играат Холандија и Гвинеја.

Пласман во Главната групна фаза ќе обезбедат првите три селекции на табелата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons