Спорт

Македонските кошаркарки подобри од Данска, прв триумф по три години

Во меч со драматична завршница кој се играше во СРЦ „Кале“ женската селекција на Македонија со 79-78 ја победи Данска во квалификациите за Европското првенство 2027.

Македонската женска кошаркарска репрезентација со победа над Данска ги почна квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.

Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, двете селекции се менуваа во водството, на одморот Данска имаше предност од еден поен разлика 40-39.

Финишот беше исклучително драматичен, на 35 секунди пред крајот Окосун ја донесе Данска на 78-79, нашите кошаркарки не успеаја да го реализираат следниот напад, но и противничките не се снајдоа најдобро и Македонија ја прослави првата победа на официјален натпревар по февруари 2023 година.

Најдобра во нашата селекција беше Мерит Хемпе со 25 поени, Селцова реализираше 17, Стојановска 15, Митрашиновиќ 14.

За три дена исто така во СРЦ „Кале“, Македонија ќе ја пречека Грција во рамките од второто коло во Ф квалификациската група. Тој меч почнува од 18 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons