Македонските кикбоксери освоија два медали на Европското првенство во Италија
На Европското младинско првенство во кикбокс што се одржува од 12 до 21 септември 2025 година во Јесоло, Венеција, Италија, македонските натпреварувачи се закитија со два медали.
Лука Змејкоски во категоријата лоу кик +81 кг (помлади пионери) го освои бронзениот медал. Во полуфиналната борба Змејкоски загуби со 3:0 против Јоанис Еманулидис од Грција.
Во женска конкуренција, постари јуниорки, во категоријата -60 кг Марија Димовска исто така дојде до бронзата.
Димовска во борбата за влез во финалето претрпе пораз против Рабија Карадаш од Турција со резултат 2:1.
Јуниорските репрезентативци на ЕП се предводени од претседателот на Кикбокс маитаи федерација на Македонија Дејан Митровски – Урко.
На ова ЕП настапуваат 1854 кикбоксери со 2404 натпреварувачки влезови од 41 земја.