Македонските аеродроми забележаа рекордна бројка во превоз на патници
Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1 насто повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Аеропортс де Париз“ која поседува 46 отсто од акциите на турската компанија „ТАВ“, која стопанисува со двата аеродроми во Скопје и Охрид. По тој повод, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт, на која било разговарано за постигнатите резултати и развојот на авиособраќајот во Македонија.
Само во ноември, бројот на патници достигнал 244.719, што е за 54,1 насто повеќе од ноември 2022 година, се вели во денешното соопштение од компанијата.
За истиот период до и од двата аеродроми во Скопје и Охрид резлизирани се 21.941 летови, што е зголемување од 22,1 насто во споредба со првите 11 месеци од 2022 година.
Само минатиот месец на двата аеродроми се реализирани 2.006 полетувања и слетувања или 45,2 проценти повеќе отколку во ноември минатата година.
По тој повод, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска оствари работна средба со генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт, на која било разговарано за постигнатите резултати и развојот на авиособраќајот во Македонија.
Бочварски потенцирал дека и за следната година во буџетот на Министерството за транспорт и врски се обезбедени преку сто милиони денари за финансиска поддршка за нови авиолинии. Тој изрaзил задоволство од заедничката соработка со ТАВ Македонија која „во континуитет работи на развој на ависообраќајот во земјава“, соопштија од министерството.
„Како и сите земји во светот, ковид пандемијата негативно влијаеше врз авиосообраќајот и во нашата земја. Но тие состојби ги надминавме и денеска можеме да бидеме горди заедно со ТАВ Македонија бидејќи имаме нови рекорди на превезени патници. Три милиони патници се бројка која ветува континуиран развој на авиосообраќајот. Владата гледа на ТАВ како партнер во креирање на нови политики и развој на авиосообраќајот. Верувам дека вака поставените политики ги оправда плановите на министерството, а тоа се воспоставување на нови дестнациии за граѓаните како и зголемување на бројот на туристи. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај”, изјави министерот Бочварски.
Бочварски на генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт му врачил благодарница за остварените резултати, како и за логистичката поддршка на компанијата во реализацијата на Самитот на ОБСЕ што неодамна се одржа во Скопје.