Македонскиот тенисер Марко Алексовски победи на турнир во Солун
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја оправда улогата прв носител и како победник го заврши турнирот во Солун за играчи до 16 години од категорија 3. Тој во финалето го совлада Игор Периќ од Србија со 2:0 во сетови (6:4, 7:5).
На патот до финалето Алексовски во првото коло беше слободен, а најнеизвесен меч во три сета одигра во второто коло кога со пресврт го совлада Константинос Антониу од Грција со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:0).
Во третото коло Ксавиер Сандерс од САД го победи со 2:0 во сетови двапати со 6:2, додека во четвртфиналето беше поуспешен од Џери Кустојоргос од Грција со 6:0 и 6:2.
За влез во финалето Алексовски беше поуспешен од Оливиер Крупа од Полска со 6:1 и 6:2.
На турнирот во Солун покрај Алексовски од македонските тенисери настапија: Александар Грујиќ (играше и четвртфинале во двојки), Марин Стефановски и Алексеј Стојановски.



