Македонскиот скијач Мирко Лазарески третопласиран на слалом трката во Банско
Мирко Лазарески со одличен старт на новата сезона со два значајни успеси на македонскиот скијач на интернационалната сцена.
Младиот Лазарески на слалом трката, која се одржа во ски центарот Банско, Бугарија, се пласираше на третото место.
Додека пак, на трката во австриски Турнау, во силна конкуренција на интернационални натпреварувачи, Лазарески успеа да оствари 55.54 ФИС точки за освојување на 11 позиција.
Уште едно име од Македонија ќе се запише во националната скијачка историја со настап на скијачки куп од светски рамки. Денеска, нашиот нордиец Ставре Јада ќе ги брани боите на македонското знаме со учество на ФИС Светскиот куп во нордиско скијање на трката долга 10 километри.
Јада, во друштво и со поддршка на нашиот поранешен репрезентативец Дарко Дамјановски, интензивно се подготвува и фокусира за денешниот настап во Ле-Рус, Франција.