Македонија

Македонскиот нафтен гигант пред малку соопшти дека на своите бензински ќе продава горива со намалена цена – еве за колку денари!

Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол, пренесува телевизија ТЕЛМА.

Според одлуката на Макпетрол, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари.

Цената на литар дизел ќе се продава по цена од 93,5 денари за литар која, исто така, е намелена за два денара за литарво однос на малопродажната цена објавена од РКЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons