Спорт

Македонската тенисерка Сара Митевска со титулата во двојки на турнирот во Крф 

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (15 години) оствари нова турнирска победа во конкуренција во двојки на турнир за тенисерки до 18 години.

Митевска заедно со Елеонора Тонева од Бугарија во финалето на турнирот Ј60 во Крф, Грција, победија во конкуренција на двојки. Во финалето ги совладаа Елени Хацлаврам и Амила Панду од Грција со 2:0 во сетови. 

Многу понеизвесен беше мечот во полуфиналето каде Митевска и Тонева ги совладаа Ана Митевска од Македонија и Венетика Лека од Грција и го добија со 2:1 во сетови (4:6, 6:4, 10:4 на поени).

Ова за Митевска е втор пехар во две недели (има вкупно три) откако претходно победи на турнирот Ј60 Добрич во Бугарија, а првата титула во двојки ја имаше во Суботица, Србија.

На турнирот во Крф покрај Митевска, настапија и Ана Митевска и Јана Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons