Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Австрија има еден гол негатива 14-13
Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Австрија има еден гол негатива 14-13. Ова прв меч од главната рунда на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров до пред самиот крај имаа позитива, но серија грешки беа доволни за да противникот дојде до позитива на одморот.
Митревски има три одбрани, Кизиќ една од седум метри, додека Митев со четири гола е прв стрелец.
Нашите момци отворија со 1-3 во петтата минута. Одбраната беше цврста, Митревски имаше одбрана, два грешки на противникот ги казнивме за плус два. Во шестата минута, Кузмановски доби две минути исклучување, но тоа не донесе промени. Серафимов реализираше „седмерец“ за нови плус два (2-4), Македонија не искористи напад за плус три. По овој погодок на Серафимов, Македонија цели пет минути беше без реализација, на голема среќа Митревски и Кизиќ беа одлични. Пешевски го прекина овој молк за 3-5 во 14-та минута. Две минути подоцна, нашата репрезентација, благодарение на добрата одбрана и на крилата на Митев и Лазаревски, за првпат поведе со плус три (4-7).
На другата страна Австрија набрзина врати со 3-0 и изедначи на 7-7. Митревски ја запиша третата одбрана, Митев со два гола и Кузмановски со еден, ги вратија плус три (7-10) на стартот на 22-та минута.
Австрија со два гола прво доближи на 9-10, нешто подоцна откако нашите момци не искористија неколку шанси и влегоа во серија грешки, успеа да поведе со 12-11 (прво водство на мечот) во 28-та минута. Лазаров повика тајм-аут,Серафимов веднаш одговори за 12-12. А веќе пред истекот на првото полувреме, Австрија успеа да погодоци за 14-13 после 30. минути игра.