МакедонијаНајново

Македонската армија на 110 место на листата најмоќни војски во светот 

Интернет-порталот „Глобал фајерпауер“неодамна објави листа на 145 земјирангирани според нивната воена сила за 2024 година. На листата за воената моќ на државите, Македонија на почетокот од оваа година е позиционирана на 110-та позиција.

Според листата на најмоќни армии во 2024 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Јужна Кореја, Велика Британија, Јапонија, Турција, Пакистан, Италија, Франција, итн.

За потсетување, Македонија досега само осум пати беше вбројувана во рангирањата на „Глобал фајерпауер“. Првпат во 2017 г. сајтот ја рангираше нашата војска на досега највисокото 116-то место на листата на држави. Наредната 2018 година, АРСМ беше сместена пониско за шест позиции, односно беше поставена на 122-то место на табелата. Во 2019 година, АРСМ беше сместена пак на 118-то место, во 2020 година таа беше позиционирана на 133-то место на листата на „Глобал фајерпауер“. Војската во 2021 година беше на 133 место, следната 2022 година на 135 место а лани на 108 место на листата најмоќни војски во светот.

Во меѓувреме, познавачите на случувањата, иако очекуваа во новото рангирање нашата земја да се најде повисоко на табелата, бидејќи АРСМ веќе повеќе години е дел од НАТО, иако тоа во практична смисла на зборот го зголемува индексот на моќта на нашата војска на глобално ниво, сепак и оваа година до тоа не дојде.

Во меѓувреме, според сајтот, најмоќна армија во моментов во регионот е Србија, која се наоѓа на 56-то место. Потоа следуваат Бугарија (62-место), Хрватска на (66-то место)Албанија (90), Словенија (91), Македонија (110), БиХ (116), Црна Гора (129), и Косово, кое четврт пат се најде на листата и ја зазема 135-та позиција.

Инаку, според она што е напишано во описот на сајтот, рангирањето е извршено според единица мера наречена индекс на моќ, која произлегува од комплицирани пресметки добиени од информации од јавни извори, како што се веб-порталот на ЦИА, социјалната мрежа Фејсбук, интернет-енциклопедијата Википедија и други. Во рангирањето не се земени предвид нуклеарните способности на оценуваните држави.

Хронологија на рангирањата на македонската армија

Година и позиција на табелата

2024 – 110.

2023 – 108.

2022 – 135.

2021 – 133.

2020 – 127.

2019 – 118.

2018 – 122.

2017 – 116.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons