МакедонијаНајново

Македонка со потекло од Виница добива министерско место во Владата на Словенија

Maкедонката Емилија Стојменова Дух ќе биде министерка за дигитализација во новата словенечка влада. 

Таа е професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана и е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Активна е во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Стојменова Дух ја претставува Словенија во мултирегионален проект  на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката. По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија  добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование. Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор и ги завршува како најдобар студент. 

Инаку, Роберт Голоб доби 41 од 90 пратенички места, наспроти 27 за Јанес Јанша, и очекува поддршка од други левичарски, зелени и центристички партии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons