Спорт

Македонија ја победи Ерменија 

Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Ерменија во пријателски натпревар одигран во Струмица. 

На мечот што се играше на стадионот „Благоја Истатов“, македонските фудбалери славеа со 3:1.

Уште од самиот почеток „комбинираниот“ тим на Милевски, тргна офанзивно. Имаа неколку обиди нашите фудбалери да го загрозат гостинскиот гол, но немаше ефект. 

Така беше се до 43-та минута, кога по одличната акција на Елмас, Александар Трајковски ја круниса со гол за водство од 1:0. 

Во вториот дел Трајковски имаше можност и за втор гол, но неговиот обид заврши во надворешниот дел од мрежата. 

Затоа пак во 58-та минута стигна вториот погодок. По акцијата и обидот на Елмас кој ја погоди стативата, Милан Ристовски зголеми на 2:0. 

Во самиот финиш, односно 88.минута, повторно по акцијата на Елмас, со својот првенец дебитантот Ердон Даци зголеми на 3:0.

И кога сите очекуваа крај, во последниот удар на Спертсјан (90-3), Ерменците намалија на 3:1.

Следниот месец, нашата селекција ја очекуваат последните два натпревари во квалификациите за ЕП 2024-та. 

На 17 ноември во Рим, Македонија ќе и гостува на Италија, а три дена подоцна (20 ноември) во Скопје, ќе ја пречека Англија. 

Токму Англија и Италија вечерва го играат својот меѓусебни дуел во евро-квалификациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons