Македонија утрово во „минус“, во еден град измерени -7 степени
Минус седум степени утрово беа измерени во Берово, со што тоа беше најладниот град утрово во Македонија.
Речиси цела Македонија утрово беше во минусни температури. Само во југозападниот дел од земјава беше „во плус“, односно Охрид, Крушево и Претор.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-7 Берово, -5 Струмица, -4 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Велес, -3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Кавадарци, -2 Крива Паланка, -1 Виница, Гевгелија, 0 Битола, Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Охрид, Крушево, 2 Претор.
Како одминува времето, се очекува температурите да се зголемуваат, па максималната дневна температура ќе биде 16 степени.