Спорт

Македонија убедливо го доби мечот со Сесвете

Ракометната репрезентација на Македонија денеска одигра пријателски натпревар од затворен карактер против хрватскиот суперлигаш Сесвете, нашите ракометари победиле со 42-28.

Селекторот Кире Лазаров на овој меч сакаше да види одредени тактички решенија кои не треба да бидат скенирани од противниците, па натпреварот беше без публика и без медиуми.

На полувремето сме имале предност од 18-12, а конечниот резултат гласи 42-28.

До почетокот на Светското првенство Македонија има уште еден подготвителен меч, против селекцијата на Зеленортските Острови, дуел кој се игра на 12 јануари.

Македонија настапот на СП го почнува на 15 јануари против Унгарија, во нашата група се уште селекциите на Холандија и Гвинеја. Најдобрите три одат во втората фаза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons