Македонија стана европски шампион во „Дота 2“
Репрезентацијата на Македонија е европски шампион во Дота 2 откако денеска во финалето славеше над Белорусија со 2-1.
Нашите репрезентативци беа одлични од почетокот на турнирот на кој во групната фаза имаа четири победи и ниту еден пораз.
Во нокаут фазата бевме подобри од Романија со 2-0 во полуфиналето, за потоа да бидеме подобри и против Белорусија во финалето.