Македонија со победа патува на ЕП 2024!
Македонската репрезентација тешко ја совлада Турција (30-27) и се пласираше на Европското првенство во јануари во Германија.
Македонија не одигра речиси ништо на овој натпревар. Одбраната “нежна” , нападот без муниција но и ослабени по повредата на Кузмановски.
Згора на тоа голманот Томовски во првиот дел не одбрани речиси ништо но за тоа во второто полувреме се извади со неколку зицери. Но, и на фановите треба да им биде јасно дека ова е нова, млада репрезентација на која ќе и треба време да се искали на големи натпреварувања како европско и светско првенство.