Актуелно

Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“ 

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави како што тој напиша добра вест. Македонија напредуваше 10 места на Индексот за демократија на „Економист“

„Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 место на листата. Зад Македонија се најдоа Србија, Албанија и БиХ. Србија е на 64-тото место, Албанија на 66-место, а БиХ на 88-мо место. Во 2023-та и 2022-та Македонија се наоѓаше на 72-то место на листата на еминентниот „Економист“ во однос на Индексот на листата за демократија. Продолжуваме заедно да работиме и да ја нормализираме државата. Македонија ќе биде повторно ваша!“, напиша Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons