Спорт

Македонија ремизираше против Велс во неверојатен финиш на мечот во Скопје

Македонската фудбалска А репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје во својот втор натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година ремизираше 1:1 против Велс.

Во текот на првото полувреме Велс повеќе доминираше на теренот, повеќе ја имаше топката во своите нозе, со повеќе закани кон голот на Димитриевски.

Нашите фудбалери успешно се бранеа, одбраната беше на висина на задачата, а придонес во мирната мрежа имаше и нашиот чувар на мрежата со неколку одбрани, вкупно три.

Тешко доаѓавме до сериозна шанса, немавме ниту еден шут во рамките на противничкиот гол за разлика од ривалите кои имаа три кон голот на Димитриевски од четири обиди.

Доста прекршоци има и на двете страни, вкупно 13, жолт картон доби Серафимов кој ќе го пропушти следниот меч дома против Белгија.

Тешко поврзувавме неколку додавања со топката и на стартот од вториот дел, Велс продолжи повеќе да напаѓа, се закани Џордан Џејмс со удар од околу 20 метри, но без проблеми реагираше Димитриевски.

Тешко доаѓавме и да создаде прилика од контра, Велшаните се заканија и во 57 минута преку Броудхед, за среќа неговиот заврши над голот. Една ретка ситуација пред велшкиот гол, Елмас се обиде индивидуално, шутираше, но неговиот удар беше блокиран.

Во 59 минута вкупно 25.000 навивачи на трибините беа на нозе и им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани.

Првиот шут во рамките на голот го имавме во 65 минута кога добро шутираше нововлезениот Чурлинов, но одбрани Дарлоу.

Следуваше конфузија во нашата одбрана, во 71 минута можевме многу лесно да примиме гол, но за среќа Муслиу на гол линијата ја сочува нашата мрежа по ударот на Џонсон.

Почнаа да се редат шансите и за нас, ударот на Барди беше блокиран и се повеќе беше активна и велшката одбрана. Нашата следна шанса ја имавме во 81 минута, Барди добро го пронајде Алиоски во шеснаесетникот чиј удар само помина покрај голот на Дарлоу за само воздишки на трибините.

Сиот налет во финишот се исплати по грешка на велшката одбрана, тоа го казни Миовски во судиското надополнување во 91 минута за голема радост кај соиграчите и трибините. Велс со сите сили напаѓаше и до крајот успеа да израмни во шестата судиското надополнување со погодокот на Брукс.

Квалификации СП 2026

Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје
Гледачи: 25.000

Македонија – Велс 1:1 (0:0)

Македонија: Димитриевски, Алиоски, Муслиу, Серафимов, Зајков (Атанасов 61`), Барди (Манев 90+2`), Алими (Чурлинов 61`), Илиевски (Димоски 87`), Елмас, Миовски (Трајковски 90+2`), Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons