Македонија по триуфот на Алкалоид сезонава ќе има три екипи во ЕХФ Европскиот куп
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска и официјално ги објави сите учесници во новата сезона на Европскиот Куп, каде што титулата Алкалоид. Македонија ќе има тројца претставници во ова натпреварување, а веќе се познати и фазите од кои ќе стартуваат.
Бутел Скопје ќе биде единствениот македонски тим кој ќе стартува уште од првото коло, откако се најде меѓу првите осумнаесет екипи што директно влегуваат во стартната рунда. Во втората елиминациска фаза на Европскиот Куп ќе се приклучат и останатите два наши претставника, Тиквеш и Охрид.
Ждрепката за првото коло ќе се одржи на 15 јули во седиштето на ЕХФ во Виена, а натпреварите се закажани за 6/7 септември и 13/14 септември.