АктуелноМагазин

Македонија повторно нема да учествува на Евровизија

Македонија официјално се повлече од Евровизија 2025 и со тоа ја одбележа и третата година неучество од ова натпреварување.Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и како што пренесоа некои од медумите но и Eurovisionfun не се предвидени средства за овогодишно учество на Евровизија. Македонската телевизија по се нема намера да брзо враќање на ова натпреварување од причина што финансиската ситуација во националниот сервиз не е на завидно ниво. Но ова што е сигурно е дека МРТВ ќе продолжи со учество во детската Евровизија, кое е натпреварување кое бара помали финансиски средства.

Од Балканските држави, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора се враќаат по две годишна пауза и ќе партиципираат на Евровизија 2025 година. Некои од овие држави се соочуваат со финансиски предизвици што се доведува во прашање нивното идно учество. Романија и Бугарија сеуште остануваат несигурни во нивното учество на овогодишеното учество на Евровизија.

Последен претставник на Македонија на Евровизискиот спектакл беше Андреа во 2022 година со нејзината песна „Кругови“ која го освои 11 место во полуфиналето што не беше доволно за пласман во финалното натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons