Спорт

Македонија освои 10 медали на меѓународниот турнир во теквондо, Скопје опен Г1 

Голем успех за македонското теквондо. Со вкупно 10 медали се закитија нашите репрезентативци на меѓународниот турнир Скопје опен Г1 2025.

Македонското олимписко теквондо на секое наредно големо натпреварување потрврдува дека олимпиското теквондо е носечки индивидуален спорт во Македонија.

Скопје опен Г1 годинава беше еден од најсилните турнири во Европа, репрезентативците на Македонија се покажаа во вистинско светло.

Тренинг камповите и посветеноста на Македонската Теквондо федерација и клубовите носат вистински резултати.

Сениори:
Дејан Георгиевски +87 (ТК Бутел) злато со две победи
Горјан Бадаровски +87 (ТК Тигри) бронза

Јуниори:
Андреј Василевски -59 (ТК Бутел) злато со четири победи
Христијан Симоновски -63 (ТК Младост) злато со три победи
Ненад Целески +78 (ТК Хваранг фист) сребро една победа
Филип Каревски -59 (ТК Кобра) бронза две победи
Душица Бресалиева -55 (ТК Штип) бронза една победа
Антонио Негријовски -45 (ТК Феникс кик) бронза прво коло слободен

Кадети:
Мартина Наумовска -55 (ТК Феникс кик) сребро две победи
Марко Митевски -49 (ТК Тигри) бронза една победа

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons