Македонија има 14-14 на полувреме: Кузмановски и Митев торпедираат!
Репрезентацијата на Македонија одигра одлично прво полувреме против Унгарија во натпревар од 1. коло од главната фаза на СП, а резултатот на пауза е нерешен, 14:14. Одлични партии во првите 30 минути имаа голманот Никола Митревски и капитенот Филип Кузмановски.
Унгарија со голот на Илиќ го отвори натпреварот, поведе на стартот, а Македонија преку средниот бек Митев бргу возврати за 1:1. Следуваше серија од 2:0 на избраниците на Чема Родрригез, па така ривалот на Македонија дојде до 3:1 во петтата минута.
Младиот репрезентативец на Унгарија, Зоран Илиќ, беше во елемент на стартот и најзаслужен за предноста на неговата репрезентација од 5:2. Сепак, овие три гола на Унгарија нашата репрезентација бргу ги надомести и направи пресврт, односно серија од 5:0 и поведе со 7:5 кон средината на првиот дел.
Кризниот период во Угарија го прекина Фазекаш, кој намали на 7:6, но бргу реализираше Пешевски за 8:6. Во овој период одличен на голот беше Митревски, одбраната не дозволуваше премногу простор за Унгарците и Македонија со расположениот Кузмановски стигна до ,,плус четири” 10:6.
Составот на Родригез успеа да се консолидира, намали на 10:8, а во 22 минута дојде до минус еден, 11:10. Македонија на пет минути пред крајот на првото полувреме ја врати предноста од плус три, дојде до 13:10. Ривалот на Македонија се врати во игра и израмни на 14:14, а со овој резултата се замина и на пауза.