Спорт

Македонија има суперталент: Дариан Галевски блесна и освои трофеј на СП за академиите на Барселона

Дариан Галевски е десетгодишно момче од Скопје кое според она што сега го прикажува, во иднина би можел да биде и тоа како важен дел за македонскиот фудбал.

Имено, Галевски на турнирот во Каталнија настапуваше за академијата на Барселона од Хрватска каде што блесна во најсилно светло и ја предводеше неговата академија до освојување на трофејот на силниот турнир на кој учествуваат академиите на шпанскиот гигант од целиот свет.

Во финалето хрватската академија на Барселона славеше победа над Мексиканската со 3-1, додека претходно во полуфиналето направија вистински подвиг и ја победија најдобрата академија на Барселона од Шпанија. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник, а Галевски и соиграчите беа подобри по изведувањето на пенали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons