Спорт

Македонија домаќин на Светско првенство: Во Скопје доаѓаат најдобрите млади ракометари

Македонија и Скопје следната година ќе бидаат домаќини на уште еден значаен спортски спектакл, ракометното младинско Светско првенство за играчи до 21 година.

Станува збор за турнир на кој ќе настапат најперспективните млади ракометари од целиот свет, идните носители на играта на своите национални селекции.

Од Ракометната федерација на Македонија истакнуваат дека со овој настан продолжуваат нивните заложби за развој и дополнителна популаризација на ракометот, но и за афирмација на државата како сигурен организатор на големи меѓународни спортски манифестации.

Воедно, од федерацијата упатија благодарност до Меѓународна ракометна федерација (ИХФ) за довербата и шансата Македонија повторно да биде дел од организацијата на едно вакво престижно светско натпреварување.

Турнирот е закажан од 23 јуни до 4 јули 2027 година, период во кој Скопје ќе биде центарот на светскиот младински ракомет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons