Македонија ако се пласира на СП, ќе биде влечена од последниот шешир
Македонската фудбалска репрезентација е на две пречки до пласман на Мундијалот, нема да биде лесно, не сме фаворити, но шанса за историски успех постои.
ФИФА денеска ги соопшти деталите околу ждрепката за групите од Светското првенство која ќе се одржи на 5 декември.

Ако Македонија ја победи Данска во Копенхаген, а потоа го добие и финалниот дуел од баражот кој исто така ќе го игра на гостински терен, ќе се пласира на Мундијалот и ќе биде влечена од последниот шешир.
Нашата потенцијална група ќе ја дознаеме на почетокот од наредниот месец, а потоа во март треба да се избориме да стигнеме до неа.



