Спорт

Маврово Опен 2025 – прв аматерски, хуманитарен, тениски турнир во регионот 

Три викенди тенис, дружење и солидарност во Маврово – средствата од котизациите ќе одат за обнова на локалното училиште.

Од 13 до 28 септември, на општинското тениско игралиште во Маврови Анови ќе се одржи Маврово Опен 2025, првиот аматерски, хуманитарен тениски турнир во регионот. Во текот на три последователни викенди ќе се натпреваруваат 32 аматери и 8 полу-професионални играчи, по нокаут систем.

Турнирот е целосно волонтерска иницијатива на група пријатели кои живеат и престојуваат во Маврово. Нивната цел е да го оживеат запоставениот тениски терен во Маврови Анови, да создадат спортски и општествен настан што ќе ја поврзе заедницата и истовремено да придонесат за хуманитарна кауза.

DCIM100MEDIADJI_0545.JPG

Хуманитарниот карактер на настанот е клучен: сите средства собрани од котизациите ќе бидат насочени за поддршка и обнова на основното училиште во село Маврово. По завршувањето на турнирот, организаторите ќе објават транспарентен извештај за распределбата на донациите.

Хуманитарниот карактер на настанот е клучен: сите средства собрани од котизациите ќе бидат насочени за поддршка и обнова на основното училиште во село Маврово – истото училиште кое оваа година ја разбранува јавноста со тоа што повторно се запиша само едно прваче. Со само четири ученици денес, ова училиште симболично ја покажува борбата на малите средини да опстанат. Организаторите велат: децата, сеедно колку на број, треба да учат во достоинствени услови, а наставниците да имаат средина што го олеснува и поддржува нивниот труд: „Ова го правиме за да опстои малото селско училиште. Доколку се затвори, тешко дека некогаш повторно ќе се отвори, а тоа значи и послаб мотив за младите да останат или да се вратат во Маврово“.

Милан Павловски, еден од организаторите на турнирот додава: „Маврово го гледаме како спортски центар и како една од најважните туристички дестинации во Македонија. Во последно време овде се населуваат млади луѓе, некои со повремени, а некои со постојани живеалишта. Веруваме дека токму со вакви иницијативи ќе создадеме услови за заедница која ќе расте и ќе се развива здраво – преку спорт, дружење и поддршка на образованието.“

Покрај спортскиот дел, Маврово Опен 2025 ќе понуди програма за сите посетители. Ќе има простор за дружење и одмор во природата, дегустација на локални производи и освежувања, детска зона со тениски игри и активности, како и отворени тренинг сесии за љубителите на спортот. Настанот ќе биде збогатен со музика и рекреативни активности, со цел да се создаде пријатна атмосфера за сите генерации.

Наградите на Маврово Опен 2025 ја истакнуваат локалната туристичка и спортска понуда и го збогатуваат искуството на учесниците. Победникот ќе добие сезонска ски карта за Ресорт Маврово и викенд за двајца во GRAND CHAMOIX Hotel & Spa, второпласираниот ќе учествува во ATV тура за двајца со Mavrovo Adventure, а третопласираниот ќе има можност за јавање коњи со Sherpa Horse Riding Галичник.

Организаторите очекуваат турнирот да прерасне во традиционално собирање кое ќе ја промовира заедницата и природата на Маврово и ќе ја позиционира оваа дестинација како нов центар на спортски и културни настани.

Идејата за Маврово Опен беше препознаена од Општина Маврово и Ростуше, Национален парк Маврово и ЈПКД Маврово, кои помогнаа во логистиката и расчистувањето на теренот и околината. Турнирот ја привлече и бизнис заедницата, чија поддршка овозможи организацијата да добие повеќе содржини и подобар квалитет.

Партнери и поддржувачи АБЦ рент а кар, АБЦ тенис клуб Мондано, Донгфенг (АБЦ Брадер), Виталиа, Дубровкиња, Ел Каброн кафе и вино, Енерго систем, Експанда, Горска вода, Гранд Шамоа хотел и спа, гостилница Гозба Маврово, Итaл Ролет, Кнауф, Нетра, Опуспроект, Ред Бул, Ресорт Маврово, Рикомак, Ритуалс, Скуп артистен гелато, Спорт Актив, Сити стар продукција, Тактик, Тонг Да Танг, Вело Хело, Лејквју, Шерпа хорс рајдинг, М Смарт Ефек и други.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons