Спорт

Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата 

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го совлада Лихтенштајн со 5:0.

Нашите фудбалери доминираа од првиот до последниот момент на натпреварот. Стрелци на головите беа Елмаз во првото полувреме, и Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски во второто.

Со оваа победа Македонија се врати на врвот на табелата, пред Велс и Белгија која вечерва игра со Казахстан кој е четврти.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се на првата позиција со 11 бодови од 5 натпревари, Велс е втор со 10 (5), Белгија има 7 на третото место (3), Казахстан е на четвртото место со 3 бодови (4), а Лихтенштајн е последен без бодови од пет натпревари.

Македонија следниот натпревар го игра на 10.октомври на гости против Белгија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons